Добредојдовте во Картел, една од најмоќните градежни компании.

Што правиме

Дизајн

Ние можеме да ви дизајнираме многу видови на огради, метални конструкции, гаражи, лесни челични конструкции на рамки итн.

Изработка

Понудените дизајни ќе бидат изработени со најсофистицирана технологија и машини.

Брзо & Квалитетно

Технологијата на картел ни овозможува да ги изработиме нашите производи многу брзо и со висок квалитет, тоа е тоа што не прави број ЕДЕН !

Верувајте на нашите зборови!

Ако верувате дека ние сме правата компанија за вас, компанија која што може да ви помогне вам и на вашиот бизнис. Не чекајте, одете подолу и кликнете на копчето за контакт и испратете ни порака за што точно сте заинтересирани.

Контактирај не

Задоволни клиенти

Тестимониал 1

Геле Ј

Тестимониал 2

Златко Ј

Тестимониал 3

Ивона Л

За нас

Рани почетоци

КАРТЕЛ ДООЕЛ Гостивар, Република Северна Македонија, е компанија која се вбројува меѓу водечките компании со висок степен на легитимитет во сегментот на металската индустрија, која се занимава со изработка и монтажа на секаков тип градби од челични профили.

Компанијата е основана 1990 година, со скромен почеток од само неколку добро обучени и квалитетни работници, како фирма која изработуваше и монтираше занатско-браварски елементи.

Во текот на своето раѓање веќе 25 годишно постоење, уште од самиот почеток, КАРТЕЛ ДООЕЛ интензивно се стремеше своето работење да го прилагоди на современите динамички токови за постигнување на понатамошен развој со постојано усовршување и обучување на извршителите со соодветни квалификации потребни за сите фази на работа, современо обучен менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност и стручност, како и постојана набавка на потребна производна опрема спрема најсовремената светска технологија.

Локација

Географски добро поставена во Гостивар, во средиштето на Западна Македонија, како приватна компанија, која е опремена со производен погон од најсовремени стандарди, комплетно фокусирана кон принципот за квалитет на производите и највисоко ниво на почитување на партнерите и клиентите, е нешто што и обезбеди на КАРТЕЛ ДООЕЛ, и покрај силната конкуренција, високо да се позиционира во производството од областа на металската индустрија, како во поширокиов регион и цела Република Северна Македонија, така и во некои соседни држави.

Тешка и лесна браварија

Тешка и лесна браварија – изработка и монтажа, е гранка на која од страна на вработените во КАРТЕЛ ДООЕЛ и се обрнува должно внимание, а работите ги изведува во се спрема барањата на клиентите т.е спрема нивната документација, или пак на нарачатели им понудува свои сопствени решенија кои се поефикасни и поприфатливи, поради големото искуство на ваботените и поседувањето на современа софистицирана опрема за изработка и монтажа на истите.

Разновидни огради за балкони, тераси, степеништа и дворни места, обични и шибер врати, најразновидни прозори и кружни стешеништа, кои може да се изработуваат од квадратни и праоаголни челични профилни цевки или пак од ковано железо, се во зависност од барањата на нарачателите, а за најразновидни намени било тоа да се индустриски, станбени или пак приватни објекти.

Опрема

КАРТЕЛ ДООЕЛ поседува опема за изработка на цистерни и резервоари за горива и вода, со стандардни димензии и големина од 1.5 тони, 2т, 3т, 5т, 13т, 15т, 25т и 30т спрема сопствена техничка документација или спремна приложена документација на нарачателите, а квалитативно одговараат на сите стандарди бидејќи ги изработуваат заварувачи со атести и сертификати, кои ги заваруваат и останатите челични конструкции од производниот програм на КАРТЕЛ ДООЕЛ.

Во своето работење КАТЕЛ ДООЕЛ има направено и е во можност да изработува контејнери во различни форми и големини, се во зависност од тоа дали се наменети за складирање на различни производи, привремени канцеларии на градилишта или да се служат како трговски објекти. Покривачки фасадерски и лимарски работи.

Покрај другото КАРТЕЛ ДООЕЛ поседува и снажни хидраулично-фрикциони преси и калапи со разни форми со кои може да профилира лимови до дебелина од 12мм, кои се погодни за изработка на поклопци за шахти и разновидни резервоари. Поклопците се изработуваат комплетно со рамки и сите механизми за отварање и затварање на истите.

Токму во овој сегмент, КАРТЕЛ ДООЕЛ, уште од самиот почеток на своето егзистирање, обрна големо внимание како техничко-технолошко унапредување на својот машински парк и опрема така и во оквалификување на своите вработени за да можат да ги изведуваат сите работни зафати за овој тип на производство спрема најновите ISO- стандарди и успешно да одговараат на сите предизвици кои би се јавиле во текот на процесот на изработка на конструкциите.

Историја

Во овој период од 30 годишно постоење, КАРТЕЛ ДООЕЛ има изработено и монтирано чекични конструкции од тип на: магацини, сервисни објекти, бензиски пумпи, производни и фабрички хали, административни деловни објекти до спортски сали со најразлични димензионални карактеристики и тоа:

  • Висина на столбови до 9м. а на слеме и до 12м
  • Растојание меѓу столбови-рамки до 7м.
  • Распон на кровни греди до 28м.
  • Нагив на кровни греди од 6 од 30м, зависно од типит на покривниот материјал.

За изработка на разновидни челични конструкции се користат најразновидни материјали и тоа:

  • Квадратни и правоаголни челични профилни цевки.
  • Топловалани челични I и U профилни носачи
  • Профилни I и U носачи оформени од челични лимови со заварување.

Стандардтните челични профили ги набавува од домаѓни производители, на пазарот на Република Северна Македонија преку добавувачи од странски производители, кои од Гостивар се на оддалеченост не поголема од 100км, додека за изработка на поз. 2.2 Челични профили со нестандардни димензии и должини, КАРТЕЛ ДООЕЛ за да одговори на потребите и да ја зголеми својата конкурентност на пазарот, во производниот погон изгради сопствена автоматска линија за изработка на истите со заварување од челични лимови, кои ги набавува од производител на оддалеченост од 70км од Гостивар, со квалитет и сертификат кој одговара на ISO стандарди.

Автоматска линија

Автоматската линија се состои од: 

 

  • CNC уред со работен стол со активна површина од 10м х 2м на кој може да се сечат потребните елементи од челични лимови за изработка на профилните носачи, како и сите видови на плочки за изработка на челични конструкции или пак за други потреби. Сечењето го вршиме со најсовремени плазма апарати, производство од Германија, со кои може да се припремат елементи со различна форма и континуирана должина до10м и дебелина на лимовидо 60мм.

  • Припремно постоље на кои се врши примарно оформување со хевтање на бараните профили со димензии | 1000 или U 1000 до 14м, а по потреба и поголеми должини од 14м.
  • Линија со постоље од широчина 1м и должина 14м за изработка на профилите со автоматско програмирано заварување, која е снабдена со најсовремени основни средства за заварување од програмата на SOL WELDING кои даваат беспрекорна континуирана струја и напон, додатна жица ф1,2мм. и заштитен гас Ar-CO2(92% Ar и 8% CO2), со што се овозмужува добивање на квалитетен челен и аголен континуиран вар.-шав со прописно надвижување по целата должина на профилот. Вака изработените челични I и U профили ги задоволуваат сите пропишани барања и критериуми од аспект на точност и квалитет кои важат исто као=ко и за стандардните I и U челични профили изработени по ISO стандарди и сертификати.

Изработените челични конструкции се целосно антикорозивно заштитени и завршно обоени во боја која одредуваат нарачателите т.е инвеститорите на објектите. Голема предност во своето работење КАРТЕЛ ДООЕЛ гледа и во фактот што потребните материјали за изработка на челичните конструкции може да ги обезбеди, како што беше погоре напоменато на оддалеченост не поголема од 100км. од Гостивар со сите потребни атести и сертификати за квалитет, кои одговараат на меѓународните ISO стандарди и прописи што овозможува рзо и несметано вклучување во процесот на производството во се посложените услови на стопанисување на пазарот.

Покривачки, Фасадерски и Лимарски работи

Покривачките,а за некои објекти и фасадареските работи,во
зависност од типот и намената на објектот,КАРТЕЛ ДООЕЛ ги
изведува со разни стандардни готово произведени панели, се во зависност од типот и намената на објектот.

Покрај со панели, КАРТЕЛ ДООЕЛ изведува покривачки и
фасадерски работи и со трапезно профилирирани пластифицирани
и поцинкувани лимови.За оваа потреба КАРТЕЛ ДООЕЛ располага
со најсофисцирана автоматска производна линија за изработка на
трапезно профилирани пластифицирани и поцинкувани лимови со
дебелина d-0,4 до 0,8 мм,развиена ширина од 1250 мм,со
стандарден профил TR 38/158 и активна покривна површина од 1м со
неопределена должина т.е должини кои би ги побарувал
купувачот.

 

Заради исполнување на дополнителни барања на
купувачите поседуваме и Полуавтоматска преса на која сме во
можност да изработуваме трапезни профилирарани
пластифицирани и поцинкувани лимови со дебелина d-0,4 до 1,2
мм во било која развиена ширина до 1250мм со нестандарден
профил на ребрата и со било која покривна површина и со
должинa на таблите до 8м.

Исто така на оваа преса ги изработуваме сите видови на квадратни олуци, кровни
ували како и зидни, прозорски, слемени и парапетни
опшивки,опшивки на врати и сите завршни опшивки на панелни
сендвичи со должини до 8м.

За потребите на покривачките работи поседуваме преса за
изработка на покривни самари од пластифициран и поцинкуван
лим со дебелина d-0.4 до 0,8 мм за сите видови покриви
изработени од разни профилирани трапезни лимови.

Покрај производтсвото на профилирани лимови КАРТЕЛ
ДООЕЛ располага со автоматски линии за производтсво на
полукружни хоризонтални и округли вертикални олуци од
пластифициран и поцинкуван лим со дебилина d-0,4 до 0,8 мм во
стандарден профил и должини према барањата на купувачите без
ограничување.


За заокружување на лимарското производтсво КАРТЕЛ
ДООЕЛ располага со софистицирана опрема за изработка на
снегобрани и сите пропратни спојни елементи и делови за
системот за спроведување на вода од покривите.

Заради надополнување на услугите на пазарот КАРТЕЛ
ДООЕЛ поседува најсовремена автоматска линија SLITER ,на која
може да се сечат во траки со различна ширина
пластифицирани,поцинкувани и ладно и топло валани лимови со дебелина од d-0,3 до 2 мм во котур со ширина од 1250 мм и
тежина до 10 тона.

Од вака подготвените траки КАРТЕЛ ДООЕЛ е во можност да
изработува метални носечки монтажни профили како што се
UD,CD,UW,CW и други кои се наменети за потребите на градежната
столарија за монтажа на гипсени елементи ,разни PVC
профили,спуштени плафони и друго.

За припрема на целиот асортиман свои
производи,производната хала покрај со горе наведената
современа опрема,располага и со виљушкар и мостовски кран со
носивост од 5 тона и покрива површина од ширина 12м ширина и должина
од 100м така што КАРТЕЛ ДООЕЛ е во можност да припрема и
изработува елементи од разни контрукции со тежини до
назначената вредност на кранот.

За монтажа на припремените елементи на челичните
контрукции КАРТЕЛ ДООЕЛ располага со сопстевен машински парк
како што се Автодигалка,самоодна дигалка,електрична
дигалка,транспортна колица и друго.

Контакт

Ако сте заинтересирани за нашите производи или имате некакви прашања за нас, слободно пишете ни.

Address

  • Ul. Ilindenska 2981 ,
    1230 Gostivar
    Republic of North Macedonia
  • Phone: +389 42 215 035 | +389 42 210 035
    Fax: +389 42 215 102